• Горан Упале

Узбекистанскиот шахист Јавохир Синдаров е најпријатното изненадување на „Турнирот на кандидатите“.
Турнирот, чиј победник го предизвикува Гукеш Домараџу во борбата за титулата светски шампион, се одржува на Кипар оваа година и е вистински спектакл за сите љубители на овој спорт.
Човекот кој го освои Светскиот куп пред неколку месеци, Узбекистанецот Јавохир Синдаров е најпријатното изненадување на турнирот и има дури пет победи и само едно реми и е единствениот непоразен играч на турнирот.
Во петтото коло, Синдаров го победи фаворизираниот Хикару Накамура. За 13-тиот потег, Американецот со јапонско потекло за еден потег размилуваше 67 минути и направи грешка.
Тоа беше вториот најдолг потег, откако Саша Гришчук во 2021 година размислуваше 72 минути.