Бугарите Димитров и Радева се победници на шаховскиот турнир „Опен Карпош 2018“

Бугаринот Радослав Димитров е победник на овогодинешниот шаховски турнир „Опен Карпош 2018“. Со вкупно 7.5 поени, Димитров заврши пред второпласираниот Србин Синиша Дражиќ, a третото место му припадна на Леон Ливаич од Хрватска.

Викторија Радева од Бугарија, беше победничка во женската конкуренција на „Опен Карпош 2018“. На турнирот се освоија две велемајсторски норми и четири интермајсторски норми.

Овој традиционален шаховски турнир се одигра според швајцарски систем на натпреварување во девет кола, а учествуваа 165 играчи од 17 земји, од кои 62 меѓународни играчи. Наградниот фонд кој како парична награда го поделија победниците на шаховскиот турнир изнесува 10.200 евра.