Бугаринот Петков победник на шаховскиот турнир „Скопје ОПЕН“

Вчера со свеченото затварање на традиционалниот меѓународен турнир „Скопје ОПЕН“ и доделувањето на наградите завршија „деновите на шахот“ во Македонија. Овој декември беше исполнет со шаховски настани по Европското индивидуално првенство во рапид, блиц и Фишер (рандом) шах. „Скопје ОПЕН“ беше одлично продолжување на шаховската треска. 

Во конкуренција на 92 натпреварувачи на А турнирот победник е велемајсторот од Бугарија Момчил Петков најдобра шахистка е Фиона Зибер од Германија, а најдобар македонски шахист ветеранот Љубомир Илиќ

На Б турирот во конкуренција на 130 учесници победник е Елена Димитрова. Најдобропласиран македонски шахист е Горан Главинац, кој го освои второто место на Б турнирот.

Наградите на победниците им ги доделија заменик министерот за спорт Сафије Садику Шаини, претседателот на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), Саша Богдановиќ и претседателот на Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, Ѓорѓи Миновски.