Богдановиќ на средба со Мукаетов: Благодарност што несебично го помагаш македонскиот спорт

Новиот претседател на Шаховската федерација на Македонија, Саша Богдановиќ продолжува со работните средби со цел подобрување на условите и квалитетот на овој спорт во нашата дражава.

Богдановиќ денес имаше средба со претседателот на управниот одбор на Алкалоид и прв човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, кому му се заблагодари за несебичната поддршка во македонскиот спорт.

„Денес остваривме средба со генералниот директор и претседател на управниот одбор на Алкалоид А.Д. Скопје, Живко Мукаетов. Му заблагодаривме што несебично го подржуваат и помагаат македонскиот спорт но, пред сè Шаховска федерација на Македонија и Шаховски клуб Алкалоид кои даваат свој придонес во развој на шахот. Разменивме разни предлози и идеи сè со цел подобро организирање на активностите и програмите кои ги имаме планирано“, вели Богдановиќ.

Претходно, првиот човек на ШФМ беше гостин на Светскиот шаховски Куп кој се одржува во Белград и имаше работна средба со челните лице на ФИДЕ.