Американецот Каруана е предизвикувач на Карлсен за светската шаховска титула

Американскиот велемајстор, Фабијано Каруана е предизвикувач на актуелниот светски првак во шах, Магнус Карлсен. Мечот за светската круна ќе се одржи во Лондон во ноември оваа година. Каруана победи на Турнирот на кандидатите во Берлин, каде покажа континуитет и освои девет поени и се врати преку „барата“ побогат за 95.000 евра.

Каруана е првиот Американецот по легендарниот Боби Фишер, кој ќе игра за шаховскиот трон. Фишер последен пат за светската круна се бореше во 1975 година. Американецот запиша осум победи, пет пати ремизираше и загуби само од Сергеј Карјакин. Второто место го освои Шахријар Мамеѓаров од Азербејџан, а Карјакин заврши како трет. 

Каруана и Карлсен досега одиграле 31 меѓусебна партија, а Норвежанецот води со 9-5, а 17 партии завршиле со реми.