Алкалоид го доби дербито со Прилеп и се наоѓа пред одбрана на уште една титула

Засилениот Прилеп беше сериозна закана за шампионот Алкалоид, во пресрет на меѓусебниот дуел од претпоследното коло на екипниот шампионат на Македонија. Сепак, Екипата на Прилеп загуби со 4-2 во дерби дуелот од четвртото коло на Државното екипно првенство во Струга.

Прилепскиот тим даде силен отпор во битката со актуелниот шампион. За Алкалоид победи постигнаа велемајсторите Ју Јанџи од Кина, Александар Инѓиќ од Србија и првакот на Македонија Филип Панчевски. За Прилеп единствената партија ја доби интернационалниот мајстор Дејан Стојановски. Со реми завршија партиите Шант Саргсјан – Никола Седлак и Тони Лазов - Славе Трајкоски.

Попладнево во 16:00 часот се игра петтото коло, по кое ќе се знае финалниот пласман.