Алкалоид се враќа со вицешампионска круна од Европскиот Куп во шах!

По ланската европска титула, шахистите на Алкалоид се враќаат со вицешампионската круна од Европскиот Клупски Куп во Анталија.

Во последното коло, Алкалоид извојува победа од 4-2 против романскиот тим, Баја Мара и заврши веднаш зад шампионот руски Глобус. Јаковенко и Криворучко забележаа победи, а пленот го поделија Динг, Елјанов, Андрејкин и Ју.

Глобус беше подобар со 4,5-1,5 од Легаси Капитал и го потврди првото место на кое беше постојано од самиот старт на шампионатот. 

Алкалоид освои 11 бода, само еден помалку од новиот европски првак, а азербејџанскиот Одлар Јурду, кој исто така освои 11 бода, но послаб број индивидуални поени од Алкалоид, заврши како третопласиран.