Алкалоид и МШК Центар шаховски шампиони на Македонија!

Денес заврши екипното шаховско првенство во Македонија во женска и машка конкуренција. Кај мажите ШК Алкалоид го потврди приматот на најдобра екипа во државата и повторно ја освои шампионската титула. Квалитетот во македонскиот шах од сезона во сезона се зголемува, а доказ за тоа е и овој шампионат во кој се одиграа бројни неизвесни партии и прашањето на шампионот беше решено во последните кола.

Вицешампион е екипата на Прилеп, која што во претпоследното коло го загуби директниот дуел со Алкалоид, додека на третото место заврши Гамбит Ассеко СЕЕ.

  • Конечен пласман:

1. ШК Алкалоид
2. ШК Прилеп
3. ШК Гамбит Ассеко СЕЕ
4. ГШК Куманово
5. ШК Гостивар
6. ШК Ан Пасан
7. ШК Фишер
8. ШК Стево Патако

Неизвесно до самиот крај беше и кај дамите, каде што последниот меч помеѓу ШК Алкалод и МШК Центар директно решаваше за титулата. Со победата екипата на МШК Центар го обезбеди првото место и го освои шампионскиот пехар.

  • Конечен пласман:

1. МШК Центар
2. ШК Алкалоид
3. ГШК Куманово
4. ШК Гамбит Ассеко СЕЕ
5. ГШК Неготино
6. ШК Стево Патако
7. ШК Карпош

Од редовите на Шаховската федерација изразија благодарност до сите учесници кои со своето присуство овозможија првенството да помине во фер игра и убава спортска атмосфера.