Алкалоид и Гамбит Асеко СЕЕ ги објавија тимовите за Европскиот Куп

Македонија ќе пријави две екипи за Европскиот клиупски Куп во шах, кој ќе се одржаи во Улцињ, Црна Гора од 10 до 16 ноември. Поранешниот европски шампион Алкалоид во машка и Гамбит Асеко СЕЕ ќе ги бранат боите на нашата земја, а двата клуба ги официјализаираат тимовите за натпреварувањето. 

Алкалоид годинава ќе настапи без кинеските шахисти Лирен Динг и Јангуи Ју, но во составот се враќа Азербејџанецот Шахријар Мамеѓаров. Скопскиот клуб е најголем фаворит за освојување на европската круна, а најголеми конкуренти ќе му бидат чешки Аве Нови Бор, италијанска Падова и Медни Всадник од Русија. 

Во женска конкуренција, пак, ќе настапат 16 клуба, а македонскиот претставник Гамбит Асеко СЕЕ е рангиран како десетти фаворит по рејтингот на шахистките. 

ШК Алкалоид:
ВМ Шакријар Мамеѓаров 2.767
ВМ Дмитри Андрејкин 2.741
ВМ Сам Шакланд 2.705
ВМ Ернесто Инаркиев 2.693
ВМ Јури Криворучко 2.669
ВМ Владислав Ковалев 2.661
ВМ Трајко Недев 2.500
ИМ Филип Панчевски 2.490

ШК Гамбит Асеко СЕЕ:
ИМ Нургул Салимова 2.415
ФМ Белослава Крстева 2.261
ЖИМ Сандра Ѓукиќ 2.179
ЖФМ Викторија Бухтеева 2.119
Ивана Манова 1.795