12-годишен Узбекистанец стана најмлад велемајстор во историјата

12-годишниот Узбекистанец Јавохир Синдаров пред неколку дена ја исполни третата норма за велемајстор и со 12 години, десет месеци и осум дена стана најмлад сопственик на највредната титула во светот на шахот.

Синдаров го сруши досегашниот рекорд на Русинот Сергеј Карјакин (12 години и седум месеци). Сега Узбекистанецот има рејтинг 2.500, што е втор највисок рејтинг на млади велемајстор зад Индиецот Рамешбабу Прагнананда (12 години, 10 месецси и 13 дена).

Јавохир Синдаров ја исполни велемајсторската норма во Будимпешта со победа на турнирот со седум од можните девет поени. Многумина се одушевуваат на неговиот стил кој е атрактивен и нуди многу задоволство кај критичарите и љубителите на древната игра.