Фармцевтките освоија 11 од 12 можни бодови, притоа ремизирајќи само на последниот меч против ШК Прилеп во седмото коло. Прашањето за титулата беше решено во петтата рунда со победата над клубот кој е најголем ривал во борбата за титулата, кога дамите на ШК Алкалоид го совладаа МШК Центар со 2,5-1,5. Во сите седум кола шахистките поединечно останаа непоразени, со исклучок на ИМ Лела Јавакашвили, која во директен дуел на првата табла загуби од ЖВМ Белослава Крастева. Во шампионскиот тим, покрај Грузијките Јавакашвили и Котенашвили, беа и ЖФМ Моника Стојкоска (2076), ЖИМ Габриела Коскоска (2.012), ЖФМ Моника Жежовска (1990) и Леа Ефтовска (1874).