Селекторот на женската репрезентација У17, Даниела Новеска Вељаноска го објави списокот од 14 ракометарки за настап на светското училишно првенство во ракомет во период од 21-29 арил 2026 година.
Селекторот на машката репрезентација М18, Горан Кузманоски, го објави списокот на ракометари, на кои ќе смета за претстојното Светското училишно првенство во ракомет, кое што ќе се одржи во период од 21-29 арил 2026 година.
Екипата на Вардар 1961 ја продолжи доминацијата во ракометниот Куп на Македонија. Во синоќешното финале во Струмица, најтрофејниот славеше над Охрид со 23-24 и со тоа го освои 18 трофеј во ова натпреварот, што секако е рекорд во Македонија.
Жуниор Тузолана е еден од најновите членови на Вардар бидејќи дојде по почетокот на сезоната поради повредата на Мамаду Кеита. Сепак, француското крило се наметна и игра во одлична форма, а беше еден од хероите на вардарци во походот кон Куп-трофејот.
Дарко Ѓукиќ како и на речиси сите останати натпревари беше еден од најдобрите играчи на Охрид на завршниот турнир во Купот на Македонија. Со по пет гола против Вардар во финалето и Еурофарм Пелистер во полуфиналето Ѓукиќ пак беше еден од најважните во тимот.
Вардар 1961 го победи Охрид со 23-24 и го одбрани трофејот во Купот на Македонија. Скопскиот тим освои прв пехар во новата сезона, а во игра е за уште два. По финалето одиграно во спортската сала „Парк“ во Струмица следуваше вардарово славје кое пак од трибина го поведе Милан Лазаревски.
Ракометниот клуб Вардар 1961 го освои осумнаесеттиот трофеј во Купот на Македонија, откако во финалето беше подобар од Охрид (23-24). „Црвено-црните“ на крајот имаа повеќе нерви во драмата, а тоа резултира со првиот трофеј во сезоната.
Ракометарите на Вардар 1961 го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако во драматично финале одиграно во Струмица со минимални 23-24 го совладаа жилавиот состав на Охрид.
Марјан Лазаревски, големиот борец покрај линијата за шест метри, уште еднаш беше еден од предводниците на Вардар 1961 до голем успех сезонава на домашната сцена. „Црвено-црните“ по осумнаесетти пат го освоија Купот на Македонија, откако во финалната пресметка со минимални 23-24 го совладаа составот на Охрид.
Екипата на Охрид ја загуби првата финална битка во Купот на Македонија. По возбудливи шеесет минути одиграни во Струмица „гладијаторите“ беа надиграни од Вардар 1961 и на крај поразени со 23-24.
Екипата на Вардар не го дава трофејот во Купот на Македонија. Во Струмица најтрофејниот одново покажа дека непобедлив во ваквите натпревари и во натпревар со многу возбудувања го совлада Охрид со 23-24.
Ракометарите на Вардар 1961 го освоија осумнаесеттиот пехар во Купот на Македонија, откако ја добија драмата против Охрид со 23-24 (12-13). Натпреварот во салата „Парк“ во Струмица понуди навистина огромна борба до последните секунди, а вардарци имаа повеќе нерви кога беше најважно.
Ракометниот клуб Спартак од Кисела Вода ги украде симпатиите на завршниот турнир во Купот на Македонија. Иако загубија од бранителот на титулата Ѓорче Петров (30-33), девојките покажаа голема борба и на крајот недостигаше веројатно малку искуство за подвиг.
Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако го победија Спартак со 30-33 во финалето одиграно во струмичката сала „Парк“. По освоениот нов трофеј во Купот, коментар за одиграното даде капитенката и главна дефанзивка на ѓорчепетровки Милица Николиќ.
Анастасија Николовска, младата ракометарка на Спартак не беше разочарана и покрај испуштената шанса за трофејот во Купот на Македонија. Нејзината екипа беше совладана од Ѓорче Петров во финалето, а таа е горда на своите соиграчки за покажаната борба против големиот фаворит.