Поранешниот ракометар на Металург, Охрид и Вардар, Србинот Стефан Додиќ е најдобар играч на шампионатот на Европа до 20 години. Средниот бек на српската репрезентација, која го освои бронзениот медал, ја освои наградата најкорисен играч на завршеното Европско првенство за играчи родени 2002 година и помлади.