Според предвидениот план, македонскиот претставник во Европската лига, Металург, денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. На прозивката тренерот Оливер Димитриевски работеше со половина од ростерот, бидејќи обврски кон своите репрезентации имаат Хорват, Канкараш, Тарабокија, Додиќ, Лазаревски и Серафимов. Хрватот ќе биде отсутен цел јануари, бидејќе ќе настапи на Светското првенство во Египет.