Со уште помлад состав од минатата сезона Еурофарм Пелистер 2 почнува трета сезона со Александар Јовиќ на клупата. Со остварени цели во претходните две, екипата собра многу симпатии и се избори за европско место во квалификациите на Европската лига. Тимот е во конструкција, но пак се потпира на млади македонски играчи. Единствен странец е младиот црногорски голман Василије Пичурица, кој дојде од Струга. Подготовките ќе минат во две фази, во Битола и Маврово, а првиот официјален натпревар е за пет недели против Алпла Хард во Австрија.