Селекторот на машката младинска репрезентација, Радослав Стојановиќ, го објави списокот на повикани за претстојното Светско првенство за играчи до 21 година кое ќе се одржи во Полска. Ново име е младиот Лука Ѓорѓиевски од младинската екипа на Еурофарм Пелистер, а повратници се Шулевски и Димковски. Заради потребите на сениорската репрезентација на овој собир отсутни ќе бидат Иван Галевски, Александар Петковски, Дамјан Митев и Валентин Карасманакис.