• Голот на Дибиров трет најубав за ноември во СЕХА лигата

    Вардаровото крило, Тимур Дибиров, е избран во Топ 7 листата на голови во СЕХА лигата за месец ноември. Голот на Дибиров, кој го постигна против Веспрем, се најде на третото место на оваа топ листа од најубави голови. Зоран Николиќ од Војводина го постигна најубавиот гол, а веднаш зад него е Симон Разгор од Мешков Брест, за голот кој го постигна против Војводина.

  • Червар: Лазаров е најдобриот со кој имам работено

    Во пресрет на Европското првенство во Полска, од страна на ЕХФ направен е профил на клучните ракометари на селeкциите кои ќе настапат на првенството. Изборот за клучен ракометар кај нашата селеција секако е Кире Лазаров.

  • Стоилов: Зрели сме да го повториме успехот од Србија

    Од европското првенство во Србија, Македонија постојано е учесник на големите приредби, но како одминува генерацијата се намалуваат шансите за сонот наречен Олимпијада. Кружниот напаѓач на Вардар и националната селекција, Стојанче Стоилов смета дека по ова првенство нема да има нова шанса за овие репрезентативци да бидат дел од Олимписки игри.

  • Македонските репрезентативци на собир во Хотел Русија Европско Првенство

    Ракометарите знаат дека во репрезентативниот дрес е секогаш најубаво

    Оптимизам и ведрина, сите ракометари здрави и мотивирани, изборот широк и главоболките поголеми од што има квалитет, а не од што нема. Во ваква клима македонските ракометари денес се собраа во Скопје на почетокот на подготовките за ЕП во Полска. Без разлика што недостига „тешката артилерија“ која и натаму треба да си ги заврши клупските обврски, сепак националната приврзаност можеше да се почувствува денес на првата средба на репрезентативците. Радува и младоста, многубројните ракометари кои имаат десетина настапи во дресот со државниот грб и треба да ја испишат нашата иднина во овој спорт. Од тоа како ќе се подготвиме многу работи зависат и како ќе минеме во Полска. Затоа сега почнува фазата која стручњаците ја сметаат за најчувствителна и најважна за остварување на успех на големите приредби. 

  • Македонските ракометари ја почнаа „операцијата Краков“

    Само што заврши клупската полусезона кај нас, започнува репрезентативната. Денес во хотелот „Русија“ Ивица Обрван го направи собирот со кој е означен стартот на подготовките на репрезентативците кои ќе се подготвуваат за европското првенство во Полска (15. - 31. јануари 2016 година). Обрван дури кон крајот на неделата ќе ги има сите повикани ракометари на списокот, со оглед на тоа што тројцата интернационалци од Бундеслигата имаат обврски и оваа недела, како и Кире Лазаров кој штотуку се врати од Шпанија каде го освои АСОБАЛ Купот.

  • Дембеле го одбра Ростов Дон место Вардар

    29-годишната француска репрезентативка, Сираба Дембеле пред неколку недели обелодени дека ќе го напушти Вардар на лето на истекот од нејзиниот договор. Француските медиуми открија дека причина за тоа е договорот, кој го има в џеб со руската екипа Ростов Дон, тим кој минатата сезона играше на фајнал-фор турнирот во Будимпешта и го освои четвртото место. Дембеле важи за едно од најкомплетните крила во женскиот ракомет и девојка која е препознатлива по својата борбеност и игра во одбрана. 

  • Екипата на Никола Стојчевски цела полусезона без победа

    Шведскиот ракометен клуб Дрот, каде настапува македонскиот интернационалец Никола Стојчевски, и натаму е без ниту една победа во домашното првенство. Редбергслидс, кој е бивш клуб на ресенчанецот, синоќа славеше со огромни 28-25 (12-10) против Дрот за кој настапи во поголемиот дел од мечот нашиот интернационалец.

  • Црна Гора со најтежок пат до олимпискиот ракометен турнир

    По завршувањето на Светското првенство во ракомет за жени, извесни се шест репрезентации кои имаат „виза“ за олимпискиот турнир на кој привилегија за настап ќе имаат 12 репрезентации. Бразил, Норвешка, Шпанија, Ангола, Аргентина и Јужна Кореја уште сега можат да го планираат следното лето, а другите ќе планираат како да стигнат до Рио.

  • Веспрем верува во Момир Илиќ: Нов договор за Србинот до 2019 година!

    Српскиот интернационалец и најдобар стрелец во Лигата на шампионите минатата сезона, Момир Илиќ го продолжи договорот со европскиот вицешампион, Веспрем до 2019 година. Тој во Унгарија пристигна пред две години од германскиот Кил и е клучен човек во традиционалниот унгарски клуб, во кој своевремено играше и нашиот Кире Лазаров.

  • Лејно и Суслина со интервенции за во ТОП 30

    Европската ракометна централа една недела откако го објави машкиот избор, денес ги обелодени и најдобрите 30 интервенции во есенскиот дел на женската Лига на шампиони. Вардар, кој мина во втората групна фаза која почнува веднаш по новогодишните празници, има два свои претставници. Французинката Амандин Лејно и искусната руска голманка, Ина Суслина се вброени со по една интервенција меѓу овој избор на најблескави моменти на голманите на женските екипи во Европа. 

  • Коментаторот и ја бакна раката на Неагу на сред пренос

    Неагуманија ја зафати цела Романија. 

  • Официјално: Горбок две години во ПИК Сегед

    И официјално од раководството на ПИК Сегед е потврдено дека левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок од наредната сезона ќе го носи нивниот дрес. 33-годишниот Русин договорот го потпишал на две години. Тој во унгарскиот тим се сели по спогодбеното раскинување на договорот со Вардар, кое ќе стапи на сила по завршување на тековната сезона. 

  • Од утре избраниците на Обрван во погон

    Репрезентацијата на Македонија во ракомет, утре стартува со последниот дел од подготовките пред настапот на европското првенство, кое од 15. до 31. јануари ќе се одржи во Полска. Селекторот Обрван на почетокот на подготовките ќе има проблем поради некомплетниот состав. Имено ќе недостасуваат Миркуловски, Јоновски и Борко Ристевски, кои имаат обврски во најсилната ракометна лига Бундес лигата, до крајот на годината. Најавено е дека тие на подготовките ќе се приклучат на 28. декември, кога треба да се приклучи и нашиот капитен Лазаров. 

  • Лазаров и Барса ги добија „комшиите“ за ривали во Купот

    Вчера во просториите на АСОБАЛ федерацијата во Барселона беа извлечени двојките за четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал во ракомет. Тоа е претпоследна пречка пред завршниот турнир на четирите најдобри, кои ќе играат на едно место за титулата по новиот формат, кој беше обелоденет минатата година. Ждрепката сакаше двата каталонските ривали Гранољерс и Барселона на Кире Лазаров да се сретнат меѓу себе во четвртфиналето.

  • Неагу МВП, Радичевиќ во идеалниот тим на СП во Данска

    Кристина Неагу и повеќе од заслужено го доби признанието за МВП на Светското првенство во ракомет за жени, кое денес со финалните натпревари заврши во Хернинг. Ракометарката на Будуќност и романската селекција го освои бронзениот медал и на својата земја и донесе подиум по осум години, а и место во олимписките квалификации.

  • Норвешка на врвот во светскиот женски ракомет

    Женската ракометна репрезентација на Норвешка е новиот светски шампион. Во финалето на шампионатот кој се одржуваше во Данска, тие убедливо ја совлдаа репрезентацијата на Холандија со 31-23 (20-9). За норвешките ракометарки ова е трета титула светски првак, по титулите во 1999 и 2011 година. За Холандија пласманот во финалето воедно претставува и најголем успех на големите натпреварувања.

  • Лазаров одличен во уште еден трофеј за Барселона

    Барселона и нашиот Кире Лазаров ја освоија титулата од АСОБАЛ Купот откако попладнево во Леон ја добија екипата на Натурхаус Ла Риоха со 35-31 (18-18) и го одбранија трофејот освоен минатата година. 

  • Романија бронзена на Мундијалот во Данска

    Репрезентацијата на Романија го освои бронзениот медал на светското ракометно првенство за жени, кое се одржува во Данска. Во мечот за третото место Романките убедливо ја совладаа селекцијата на Полска со 31-22 (15-8).

  • Манасков петти стрелец во СЕХА лигата, Чантурија десетти

    Со победите на Веспрем и ППД Загреб над Татран и Борац, заврши натпреварувањето во СЕХА лигата за 2015 година. 

  • Веспрем пресилен за Татран, и Загреб на одмор оди со победа

    Синоќа беа одиграни последните два натпревари од полусезоната во СЕХА лигата. Ракометарите на Загреб пред своите навивачи во Хрватска го совладаа Борац од Бања Лука со 30-20 (18-12). Павловиќ и Контрец со по 5 гола беа најефикасни во тимот на хрватскиот шампион.

Pages