• Русија ја совлада и Шпанија на Мундијалот во Данска

    Ракометарките на Русија, одново покажаа дека не се случајно дојдени на Светското првенство. По првиот натпревар, на кој го победија Европскиот првак Норвешка, нова жртва е фаворизираната Шпанија. Русинките успеаја да ја совладаат Шпанија со минимални 28-26 (16-14).

  • Ракометарите на Борец убедливи против Тинекс Пролет

    Во последниот натпревар од 13. коло на машката ракометната Супер лига, синоќа екипата на Борец го совлада тимот на Тинекс Пролет од Скопје, со 21-16 (8-6).

  • Кирил Лазаров во идеалниот тим на колото во ЛШ

    Најдобриот стрелец на Барселона, Кирил Лазаров беше избран за најдобар десен бек во 10. коло од Лигата на шампионите, откако постигна дури 12 гола на дуелот со Киелце. Друштво на Лазаров на надворешните позиции во идеалниот тим му прават Даниел Нарсис од ПСЖ и Деан Бомбач од Пик Сегедин. 

  • Дрогришки им „пресуди“ на младите вардарци

    Битолски Пелистер ја забележа четвртата победа во овогодинешниот шампионат на Суперлигата. Битолската екипа беше подобра од младиот состав на Вардар Јуниор со 27-22 (15-10).

  • Пораз за збогум: Металург поразен и од Елверум

    Металург неславно го заврши првиот дел од овогодинешното учество во Лигата на шампионите, по поразот од норвешкиот шампион, екипата на Елверум со 29-23 (15-7). За избраниците на Лино Червар, кој заради здравствени проблеми не отпатува во Норвешка, ова е петти пораз од исто толку гостувања во најелитното ракометно натпреварување. 

  • Кил во супер неизвесен натпревар подобар од Веспрем

    Германскиот ракометен шампион, Кил, благодарение на одличниот Доминик Клајн, го совлада унгарски Веспрем, минимално со 25-24 (11-12). Во последниот меч за оваа година во Европа, Доминик Клајн со погодок на седум секунди пред крајот, му го нанесе вториот пораз на гостите од Веспрем. Претходно, при резултат 24-24, Ласло Наџи имаше напад за победа на Веспрем, меѓутоа не успеа да реализира, односно Ландин одбрани. 

  • Ракометарите на Војводина спречија авионска трагедија!

    Ракометарите на Војводина станаа херои, затоа што спречија еден патник да го собори авионот на авио компанијата Луфханза, што леташе од Франкфурт до Белград. Имено еден Јорданец се обидел да ја отвори вратата од кабината, но во намерата беше спречен од Милан Мирковиќ, помошник тренер на Војводина и ракометарот Алексеј Растворевиќ, кој дојде ова лето од Вардар. 

  • Работнички слави во Радовиш, благодарение на крилата

    Ракометарите на Работнички ја прекинаа серијата на негативни резултати и со полн плен се вратија од гостувањето во Радовиш, каде го совладаа домашниот тим со 24-26 (12-15). Екипата на Глигоров солидно го почна мечот и поведе со 5-3, но потоа гостите инспирирани од брзите крила, направија серија од 5-0 и таа предност не ја испуштија до самиот крај. Вања Илиќ и Златко Мојсоски пречесто ја користеа добрата одбрана на скопјани и од контранапади постигнуваа лесни голови. Илиев со серија на голови го остави Радовиш во мечот на полувреме (12-15).

  • Ниту настап од учебник на Лазаров не помогна: Киелце ја шокира Барса во Каталонија

    На големо изненадување на ракометната јавност, Киелце го совлада фаворитот Барселона во Каталонија, со одлично второ полувреме. Во  реприза од ланското полуфинале, во игра беше првото место во групата. Првакот на Европа одлично го отвори мечот и со три ефектни гола на Кирил Лазаров поведе со 6-2 во 7. минута. До одморот Барса играше многу полетно и дури и премалку беа +3 на полувреме, кога Рајхман погоди со звукот на сирената. 

  • Штербик се радува на победа на Вардар
    Лига на шампиони

    Да беше тренинг, ќе беше потешко: Вардар „превисок“ за овој Колдинг!

    Дури и кога играат меѓу себе на тренинг, ракометарите а Вардар повеќе ќе се испотат од денешниот меч од Лигата на шампионите со Колдинг Копенхаген. Така лесно одлепување, подигање на самодовербата по поразите, Раул Гонзалез и соработниците можеа само да посакаат. Финалните 34-24 (18-8) покажуваат дека поразот во Копенхаген беше само лош ден. Со двоцифрен број на ракометари кои постигнаа голови, дури и на човек да му биде жал што полусезоната наскоро ќе заврши. По „волшебниот“ Вардар против Киелце, втор најдобар натпревар на црвено-црните оваа есен во Европа.  

  • Кронберг: Вардар беше многу подобар од нас

    По ваков дебакл не беше лесно да се говори пред новинарите, но тренерот на Колдинг Копенхаген, Хенрик Кронберг јавно ја призна супериорноста на Вардар и обелодени дека еден клучен ракометар му се повредил на вчерашниот тренинг и му расипал дел од плановите. 

  • Раул Гонзалез: Првото полувреме беше одлично

    Во натпревар кој наликуваше на перфектен, Вардар до врв ја наполни мрежата на Колдинг Копенхаген и покажа дека ја враќа формата од почетокот на сезоната. 

  • Вардар се „пошегува“ со Колдинг за високи +10

    Македонската публика со аплауз за нова европска победа, им се заблагодари на ракометарите на Вардар за одличната година. Победен е Колдинг Копенхаген со 34-24 (18-8) , дури и полесно од предвиденото.

  • Реми на Србија и Црна Гора на мундијалското деби во Данска

    Денес во Данска започна светското првенство во ракомет во женска конкуренција, со Бразил како бранител на трофејот, освоен во Белград пред две години. Уште на стартот во Хернинг се соочија Србија против Црна Гора, во меч на два ривали кои одлично се познаваат и често ракометарки од двете селекции играат во исти клубови. 

  • Ангелов и Карачиќ не заздравија и не играат против Колдинг

    Раул Гонзалез за денешниот меч со Колдинг нема да може да смета на првиот среден бек, Хрватот Игор Карачиќ, кој втор натпревар во низа во Лигата на шампионите, останува надвор од официјалниот протокол. Карачиќ веќе десетина дена е надвор од тренажен процес по повредата на менискусот на левото колено, здобиена во реваншот со Барселона во Скопје. Друштво на трибините на Карачиќ ќе му прави, македонскиот голман Петар Ангелов, кој исто така нема да биде во составот за овој дуел.

  • Ракометарите на Прилеп издвојуваа лесна победа против Металург Јуниор

    Во првиот натпревар од 13. коло во ракометната ВИП Супер лига, ракометарите на Прилеп издвојуваа убедлива победа против Металург Јуниор во Скопје со 34-43 ( 16-26). Натпреварот се одигра во салата во  “Автокоманда“ пред само 150 гледачи.

  • Металург во Норвешка без Лино Червар

    Хрватскиот стратег на клупата на Металург, Лино Червар, нема да патува со тимот во Норвешка заради здравствени причини. 

  • Раул Гонзалез: Чувствуваме притисок, но треба да одиграме без грешка во нападот

    Никогаш откако Раул Гонзалез седна на клупата на Вардар, екипата немала вака негативна серија како во последните две-три недели. Поразите на домашен терен од Мешков Брест и Барселона и во гости исто така кај Каталонците во Киелце, го размрдаа моралот на вардарци. Сепак последниот домашен натпревар во Европа во 2015 година против шампионот на Данска, Колдинг Копенхаген е идеална шанса да се почне нова позитивна серија. 

  • Кирил Лазаров пак меѓу елитата: Најдобар десен бек и трет во светот за 2015 година

    Македонскиот репрезентативен капитен, Кирил Лазаров повторно е избран за најдобар десен бек во светот и пак е во идеалниот тим и за оваа година. 

  • Пелистер со енергија за едно полувреме, бодовите се за Тинекс Пролет

    Директната пресметка на Тинекс Пролет и на Пелистер во Скопје, донесе израмнето прво полувреме и одлучувачкото одлепување на домашната екипа во продолжението до финални 28-26 (12-11). Мечот започна многу израмнето и до играта гол за гол, први поведоа гостите преку Србинот Чачиќ. Но кога во 13. минута момците на тренерот Атанасовски, преку Стојановски го вратија водството, не го испуштија до одморот. Пелистер преку двата кружни напаѓачи Димитровски и Топиќ, им создаваше многу проблеми на ракометарите на Тинекс Пролет. Сепак, Петар Јовановски погоди за минимално водство на Тинекс Пролет на полувреме (12-11).

Pages