Првото Светско првенство се одржа во далечната 1938 година во Германија. Учествуваа само четири селекции, а титулата првак ја освои домаќинот. Се играше сосема различен ракомет од денешниот, таканаречен голем ракомет. Секој играше со секого, а Германците забележаа три победи. Втора беше Австрија, а бронзениот медал го освои Шведска. Последна, четврта беше селекцијата на Данска. За разликата помеѓу тогашниот и сегашниот ракомет најдобро говори резултатот - најголем резултат беше 11-3, а најмал 2-1.