Новиот член на Суперлигата, РК Алкалоид од Скопје, се засили со уште еден ракометар на Еурофарм Пелистер. Нов играч на најуспешната прволигашка екипа минатата сезона е 16-годишниот Валентин Карасманакис, момче кое доаѓа од младинскиот погон на битолскиот суперлигаш. Тинејџерот минува низ одличен период, бидејќи беше повикан за кадетската репрезентација на ревијата во Кавадарци пред финалето на Купот и од тој момент стана интересен за ракометната јавност.