Македонската ракометна репрезентација забележа нов неуспех на Светското првенство во Египет и го впиша четвртиот пораз на овој собир, откако Русија нè совлада со убедливи 20-32 (9-19). Македонија повторно одиграа под своето ниво и ни приреди ново мундијалско разочарување, по оние против Шведска, Египет и Словенија и остана само на триумфот над Чиле, во третото коло од првата групна фаза. До крајот на овој собир ќе имаме уште една шанса за победа, в недела против селекцијата на Белорусија (15:30 часот).