Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер одиграа страшно дерби во плеј-офот на Суперлигата. Во Автокоманда, иако пелистерци губеа со осум гола, дојдоа до победа (35-33) во спектакуларен натпревар за ракометно уживање. Тимот на Стевче Алушeвски одигра меч во кој прво беше ставен во подредена улога од избраниците на Кирил Лазаров, кои со брза игра демонстрираа силен и модерен ракомет се одлепија, ама се врати во финишот од длабока негатива и забележа џиновска победа со која се израмни со ГРК Охрид на втората позиција. Триумфот вреди злато, колку за илустрација, ако битолчани загубеа, ќе паднеа на четвртото место на табелата.