• Чантурија шутира пенал за Макс Струмица
    СЕХА Лига

    Сите негативни рекорди во СЕХА лигата се за Макс Струмица

    СЕХА лигата како да не им е судена на ракометарите на Макс Струмица. Кој знае дали и кога нареден пат ќе играат во регионалното натпреварување, а веројатно нема никого да победат. Кога не успеаа денес да се справат со овој Спартак, дојдне во Македонија на неколкудневна турнеја, нема никого да победат до крајот на сезоната. Поразот од 23-31, во меч во кој изгледаше како да се создадени сите услови за победа на момците на Андонов, е голем удар за Макс Струмица. Можеби и вака дезорганизиран тимот кој минатата година беше вицешампион, нема да има сили за било каква борба во плеј-офот на Супер лигата. Барем така немоќно и безкарактерно изгледаше Макс Струмица и денес во СРЦ „Кале“ во Скопје.

  • Во топ 30 гола за 2015, имаше место за две вардарки

    Денес, официјалната страница на ЕХФ ги одреди најубавите 30 гола постигнати во 2015 година во женската Лига на шампиони. Се разбира дека место во овој колаж од прекрасни голови имаше и за ракометарките на Вардар. 

  • Веспрем пресилен за Загреб

    Ракометарите на ППД Загреб во дерби натпреварот од регионалната СЕХА Лига, во Загреб, го пречекаа тимот на Веспрем. Домаќините немаа сила да направат изненадување против мотивираните ракометари од Веспрем кои на крајот славеа победа од 23-19 (16-8). Оваа сезона овие две екипи веќе одиграа меѓусебно и тоа натпревар од Лигата на шампионите, во кој домаќин беше тимот на ППД Загреб и загуби со 21-20.

  • Сара Стефановска потпиша за Зањос Хендбол

    Нашата млада ракометна надеж, Сара Стефановска денес потпиша договор со турската екипа Зањос Хендбол. 22-годишната Стефановска договорот го потпиша до крајот на сезоната.

  • Холандија и Полска направија чуда на женскиот Мундијал

    Прворазредни изненадувања се случија на стартот од четвртфиналната програма на светското првенство во ракомет за жени, кое се одржува во Данска. Откако ја декласираа Србија, ракометарките на Холандија направија уште еден подвиг. Тие ја победија Франција со 28-25 (15-12) со игра како да се најискусна и најдобра селекција во светот. Иако Франција важи за тим со најдобра одбрана и огромно искуство од ваков тип на натпреварувања, не најде начин да ги сопре брзите Холанѓанки. „Лалињата“ постојано водеа и што дојдоа во борбата за медалите прв пат во историјата, мора да и се заблагодарат на Тес Вестер, која собра 21 интервенција.   

  • Макс Струмица по втор пат поразена од Спартак

    Ракометарите на Макс Струмица не можат никако да ја израдуваат својата публика. Откако, првиот дел навестуваше прва победа за домаќините, Спартак од Суботица го уништи сонот за дебитантска победа во СЕХА лигата. Гостите славеа со 23-31 (16-12)

  • Црна Гора ќе ги тестира нашите ракометари пред Полска

    Македонската машка ракометна репрезентација на два пати ќе спарингува со Црна Гора пред почетокот на европското првенство во Полска. На 10. и 11. јануари во Скопје нашата селекција со една од најцврстите селекции и тим коиј налииува на стилот на Србиј, ќе оидгра два теста.

  • Победа на Мојсовски и Шундовски за крај на календарската година во романското првенство

    Екипата на ЦСМ Букурешт, во која настапува нашиот Наумче Мојсоски, а тренер е поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски, со победа ги заврши натпреварите во домашното првенство за оваа календарска година, совладувајќи го во гости тимот на ЦСМ Фочани со 24-29 (15-14).

  • Бабиќ: Вори е одличен, но дојде времето на младите играчи

    Новиот селектор на хрватската ракометна репрезентација, Жељко Бабиќ повторно е критикуван од домашната јавност. И овој пат за изоставувањето од составот на некогашниот капитен и еден од најуспешните хрватски ракометари, Игор Вори.

  • Гонзалез: Тежок меч за нас, но среќен сум што победивме

    Во последниот дерби натпревар во СЕХА лигата помеѓу Татран Прешов и Вардар, гостите имаа повеќе среќа и дома се вратија со три бода. Резултатот уште од почетокот на натпреварот беше неизвесен, на полувреме гостите водеа минимално со 15-14, за на крај да издвојуваат победа со 28-27. 

  • Ракометарите на Барселона лесно во четвртфиналето на Купот

    Никој не очекуваше изненадување, но ниту толку лесно извојувана победа на ракометарите на Барселона во Валенсија. Во осминафиналето на Купот на Кралот во ракомет, Барселона го совлада тимот на Пуерто Сагунто во Валенсија со 25-43 (12-25) и обезбеди четвртфинале.

  • Дејан Манасков: Татран беше одличен, а ние посреќни

    Како и во Нови Сад против Војводина, така и синоќа во Словачка на натпреварот против Татран Прешов, Вардар победи, иако не играше најдобро. Тоа е сигнал дека можеби екипата расте, бидејќи само големите екипи победуваат на искуство, на рутина, на инвидуалци, со доза на среќа. А сите овие елементи ги видовме кога се „кршеше“ резултатот на мечот со првакот на Словачка. Победата од 27-28 најдобро ја отсликува Дејан Манасков, кој го пресече последниот напад, во кој домаќините можеа да израмнат. 

  • Вардар го доби Татран и „врза“ победничка серија во СЕХА

    Во еден од најизедначените натпревари во полусезоната на СЕХА лигата, Вардар одговори на предизвикот, и ги однесе сите три бода од гостувањето во Словачка, победувајќи го Татран Прешов со 27-28 (14-15). Ракометарите на двете екипи дури по пет пати се сменија во водството во првиот дел, така што ниту еден тим не се одлепи со поголема предност. Дејан Манасков во 24. минута за прв пат на една од двете екипи им донесе предност од +2. Но и покрај тоа, на одмор се замина со 14-15 за „црвено-црните“, со голот на Циндриќ.

  • Струмичани очајни за првата СЕХА победа

    Голем дел од ракометарите на Макс Струмица ги бројат деновите до крајот на првата полусезона, за да одморат од силниот напор. Со оглед на непредвидените заминувања, скоро истите 8-9 ракометари играа во последните три недели. Последен во низата доближени дуели е оној против Спартак утре попладне во Скопје. Ако не е баш овој меч идеален за првата победа, тогаш таков меч нема да има ниту напролет,

  • Седум вардарки во четвртфиналето на СП

    Заврши групната фаза на Светското ракометно првенство кое се одржува во Данска. Нашиот женски шампион, Вардар, има седум ракометарки кои учествуваат на истото и сите од нив успеаја да го продолжат натпреварувањето со своите репрезентации, меѓу најдобрите осум.

  • Лазаров и Барса го избегнаа домаќинот на АСОБАЛ Купот

    Овој викенд во Леон, ќе се одиграат мечевите од полуфиналето на шпанскиот АСОБАЛ Куп, каде во завршницата ќе играат четирите најдобро пласирани екипи во есенскиот дел на шампионатот. Барселона на нашиот интернационалец Кире Лазаров, ќе се сретне во полуфиналето со Фригорификос Моразо, а второто полуфинале ќе го играат домашниот Адемар Леон и Натурхаус Ла Риоха. Полуфиналните мечеви се играат в сабота попладне, а финалето е в недела во 16.45 часот

  • Скопје, домаќин на двата меча меѓу Вардар јуниор и Војводина

    Нашиот единствен преостанат претставник во женскиот Челинџ купот, тимот на Вардар јуниор двапати ќе биде домаќин на српската Минаква Војводина.

  • Страхиња Милиќ: Годината сакаме да ја завршиме со стил

    Вардар вчера допатува во Словaчка, за да игра со Татран Прешов во рамките од 14. коло на СЕХА лигата. Двете екипи веќе се имаат сретнато на теренот во Скопје, каде вардарци славеа со 39-32.

  • Франција подобра од Шпанија, сензацијата се вика Полска

    Репрезентациите на Франција, Полска, Русија и Црна Гора се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет за жени, кое се одржува во Данска. Франција во многу драматичен меч ја елиминираше Шпанија во осминафиналето со 22-21. Победничкиот гол за Франција го постигна Лакабрер во последната секунда од седмерец, кој го избори Алисон Пино. 

  • Тртик: Против Вардар нема што да загубиме!

    Денес во 18.00 часот во Словачка, во натпревар од СЕХА лигата, нашиот шампион Вардар, во натпревар од 14. коло му гостува на Татран Прешов. Двата тима веќе се сретнаа оваа сезона во Скопје, на натпревар каде вардарци славеа со 39-32. За Татран Прешов овој натпревар доаѓа во незгоден момент по двата порази од Борац Бања Лука и Нексе од Нашице, особено болен овој вториот. Пред натпреварот свое видување даде домашниот тренер, Растислав Тртик и левиот бек Оливер Рабек.

Pages