„Зошто Локе не играше? Да, задникот и е малку поголем и роди три деца, но со неа ќе го освоевме СП!“

Ракометната репрезентација на Норвешка загуби во финалето на Светското првенство од Франција и во реприза на претходниот натпревар за трофејот не успеа да го одбрани тронот. 

На овој турнир од составот изостана ветеранката Хајди Локе, која според многумина е една од најдобрите ракометарки на сите времиња. На оваа тема зборуваше нејзиниот брат Франк, кој своевремено беше ракометар, но со помал успех од својата сестра.

„Има многу причини за поразот на Норвешка, но погледнете го овој. Хајди Локе седи дома на тросед, наместо да игра на Светското првенство. Зошто е отпишана од репрезентацијата? Бидејќи има 41 година и роди три деца? Правилно е да се размислува за иднината, но на ваков начин да се отпише „воин“ како Локе која гинеше за Норвешка е скандал. 

Во ред, малку задникот и е поголем и кремата која ја користеше пред меч за загревање, ја замени со онаа за целулит, но дали сте виделе како игра? Откако го роди третото дете, Хајди игра повторно на врвно ниво на клупски план. Ако ти е потребен некој во важни натпревари, тоа е жена и ракометарка со искуство како Хајди. Со целосна почит кон сите кои играа, позицијата каде што настапува Локе беше најслаба. Можеше да биде барем тука, на клупата во салата. Штета, да беше тука ќе освоевме злато“, напиша Франк Локе.

Според него искуството на Хајди Локе можело да биде пресудно, па дури и да го смени текот на финалето. За волја на вистината Норвежанките навистина во моменти кога се кршеше резултатот направија некои аматерски грешки, кои Франција ги искористи и зачекори кон титулата.