Зошто Данците го исвиркаа селекторот кој ја освои европската титула?

Ракометната репрезентација на Данска ги комплетираше трофеите со освоено олимписко, светско и европско злато, но сепак, за време на прославата се случи една непријатна сцена за селекторот Николај Јакобсен. 

На големата прослава по победата во финалето против Германија, на сцената се обратија повеќе играчи и членови на стручниот тим. Еден од најдобрите играчи, десното крило Матијас Гидсел, со гордост истакна дека се радува на трофејот во својот роден град, што предизвика силни овции од публиката.

Кога потоа микрофонот го презеде селекторот Николај Јакобсен и се обиде да направи слична забелешка за своето потекло, публиката ја дочека неговата изјава со јасни и гласни исвиркувања.

Јакобсен рече дека исто така не е роден многу далеку, што не беше добро прифатено поради силниот спортски и локален ривалитет помеѓу неговиот роден град Виборг и Хернинг, каде што Данците го прославија своето злато.