Зорман: Вардар ме бараше, но решив да останам до Талант за да учам

Урош Зорман беше споменуван како можен нов тренер на Вардар, но сите дилеми се разрешија откако за нов предводник на „црвено-црните“ е назначен Давид Хозе Писонеро од Шпанија.

Веднаш по крајот на се, во јавноста се огласи Зорман кој порача дека останува во Киелце. Истовремено потврди дека имал контакти со Вардар, но истите не вродиле со плод за реализација на трансферот.

„Од почетокот, мислев да останам во Киелце. Вардар ме бараше, имавме контакти, но јас одлучив да останам во Киелце и до Талант Душебаев за да учам. Не знам колку долго ќе бидам тука, ќе видиме што ќе биде“, изјави Зорман.

Зорман е некогашен словенечки репрезентативец, а нема ангажман како прв тренер. Работеше како асистент само во репрезентацијата и во Киелце.