Зоран Стојановски се врати во родниот Велес и потпиша за Бисинов

Новиот суперлигаш Бисинов од Велес промовира засилување за следната сезона. Велешани го промовираа и потпишаа договор со искусното крило Зоран Стојановски

34-годишникот игра на позицијата лево крило, а во редовите на Бисинов доаѓа од таборот на Радовиш. Своите први ракометни чекори Стојановски ги направи во родниот Велес играјќи за екипата на Борец. 

Во својата кариера Зоран Стојановски освен во Борец и Радовиш играше уште за Овче Поле, Тиквеш и Голден Арт. Сега на залезот на кариерата тој реши да се врати во родниот град и да помогне на Бисинов кој избори пласман во Суперлигата за следната сезона.