Зоран Кастратовиќ си поднесе оставка во Слобода Тузла

Црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ ќе има нов клуб, затоа што си поднел оставка во редовите на Слобода Тузла, јавуваат медиумите од БиХ.

55-годишниот Кастратовиќ пред некој месец го презеде клубот, но по неочекувано лошите резултати, како што велат од БиХ, тој си поднел неотповиклива оставка која била прифатена од раководството.

Кастратовиќ во БиХ пристигна од Македонија каде ги водеше Пролет и Металург, претходно работеше и во Вардар, додека на меѓународната сцена беше дел од репрезентациите на Црна Гора и Иран, како и Ел Џаиш, Сутјеска, Беране.