Зоран Кастратовиќ останува тренер на Металург

Екипата на Металург, барем засега, нема да треба да бара нов тренер, затоа што најавената оставка на Зоран Кастратовиќ нема да се реализира и тој ќе остане тренер на екипата од Автокоманда и во наредниот период.

По тешката победа над Вардар Јуниор, тренерот најави дека ќе си замине и го активира „црвеното светло“ во Металург пред важниот реванш во ЕХФ Купот против словенечки Горење.

Беше свикан итен состанок, на кој двете страни, односно управата и тренерот разговараа и пронајдоа заеднички јазик за Кастратовиќ и понатаму да остане дел од тимот.

Првиот натпревар меѓу Горење и Металург во Словенија заврши со победа на домаќинот (24-19), а реваншот во Скопје е закажан на 24 ноември. Кастратовиќ пред нешто околу еден месец на тренерското столче на Металург го наследи Дамир Стојановиќ.