„Змиите“ против Ѓер ќе ја бранат круната во женската ракометна ЛШ

Норвешки Виперс Кристиансанд ќе ја брани круната во женската ракометна Лига на шампиони. Актуелниот владетел го доби дерби-дуелот со Мец во Будимпешта (27-33) и е вториот патник во мечот за титула.

Францускиот тим беше повеќе од достоен противник во првото полувреме, затоа што се врати од бездната. Во еден момент Виперс имаше позитива од 7-12, но следеше голем пад во финишот на првото полувреме, па Мец успеа да води на паузата (15-14). Шест голови во низа беа вредни пресврт.

Бранителот на круната зачекори кон посакуваната победа кога од 19-18 влезе во ритам, со три гола во низа зададе нов удар (19-21), а потоа, при резултат 20-21, се дадоа четири гола во серија за 20-25, предност која беше доволна за триумф.

Феноменален меч кај „змиите“ имаше Чехинката Јерабкова со 12 постигнати гола, додека Нора Мерк даде седум, а кај Мец, не помогнаа петте гола на Бразилката Алмеида и четирите на Хорачек и Канор.

Големото финале во Будимпешта меѓу Виперс Кристиансанд и Ѓер се игра утре (5 јуни) од 18:00 часот, додека претходно за бронзениот медал ќе се судрат Есбјерг и Мец.