ВИДЕО: Златната одбрана на Валах со која Вардар го запре Охрид!

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 со победа ја отвори домашната сезона и официјалните натпревари. Црвено-црните славеа над ГРК Охрид (32-31) во деветтото издание на Суперкупот на Македонија кој се одигра во Гевгелија и така дојде до петтото одличје во ова натпреварување.

Дуелот на двата тима кандидати за врвот на домашната сцена беше вистинско уживање, а се реши во финишот. Клучна беше одбраната на голманот Валах, кој му фати шут на Стрмљан, со кој спречи изведување на пенали.

  • Одбраната на Валах:

Чупиќ за првпат го победи Ројевиќ во новата сезона, по двата порази на подготвителните натпревари, или вкупно по три меча ако се земе предвид и последниот меѓусебен дуел од ланската сезона на Суперлигата.