• Зоран Мишевски

Поранешниот европски вицешампион, скопски ЖРК Вардар утрово ги започна подготовките за новата сезона, во која влегува со нов тренер. Исклучиво младиот ростер на „црвено-црните“ ќе го предводи Александар Царчев.
Вардарки ќе тренираат во Скопје, а предвидени се и неколку пријателски или турнирски натпревари.
„Овој почеток за мене е голем предизвик и нова авантура на која можам да одговорам со целото мое ракометно искуство. Досега бев на позицијата тренер на голмани, но сега добив поголем предизвик во кариерата. Шансата што ја добив во ЖРК Вардар ме прави среќен, особено фактот што ќе работам со млади и перспективни играчи со кои располагаме за кои се надевам дека многу ќе научат за ракометните вештини од мене. Сакам да ја искористам приликата да се заблагодарам на управата, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ и Давор Стојановски кои ми дадоа доверба да го водам првиот тим во новата сезона“, рече Царчев.
ЖРК Вардар во новата сезона ќе игра во групата A на Женската Суперлига, заедно со ЖРК Чаир, ЖРК Пелистер, Скопје, Гевгелија, ЖРК Куманово, Спартак и Шампион.