ЖРК Вардар сврти нов лист: Подмладен тим и нов тренер за новата сезона

Некогашниот европски вицешампион, ЖРК Вардар нема да игра во евро-куповигте во сезоната 2022/23 и како и машкиот клуб ќе чека подобри денови. Сепак, тимот планира комплетен рез на играчкиот кадар, а ќе менува и н а клупата.

Александар Царчев ќе биде нов предводник на ЖРК Вардар. Тој доаѓа на местото на Драгана Ристова, која замина од клупата на крајот на мината сезона. Некогашниот голман речиси цела тренерскa кариера ја мина во машкиот и женскиот тим на Вардар, а имаше и краток ангажман во Саудиска Арабија.

ЖРК Вардар и Царчев потпишаа договор на две години соработка, период во кој клубот треба да се врати на старите патеки. Вардарки денес ќе ги дознаат своите проитивници во групната фаза на женскиот шампионат на Македонија. 

Минатата сезона вардарки завршија на четврттото место во Женската лига, зад шампионот ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Куманови и ЖРК Металург.