• Мартин Танасковски

Женскиот ракометен клуб Вардар и официјално потврди дека во сезоната 2026/27 повторно ќе биде дел од европските клупски натпреварувања.
Скопскиот клуб го искористи правото што го избори преку домашното првенство и го пријави својот настап во ЕХФ Европскиот куп, третото по ранг натпреварување под капата на Европската ракометна федерација.
За „црвено-црните“ ракометарки ова ќе претставува нова можност за меѓународна афирмација и стекнување дополнително искуство на европската сцена, каде што ќе имаат шанса да ги одмерат силите со клубови од различни земји.
Во наредниот период клубот ќе ги очекува ждрепката и официјалниот список на учесници, по што ќе биде познат и првиот противник на Вардар во новата сезона од ЕХФ Европскиот куп.
