• Иван Димовски

Ракометарките на ЖРК Вардар преку Приштина стигнаа до втората рунда на Европскиот куп на ЕХФ, а веќе го дознаа и новиот ривал во разигрувањето.
Противник на „црвено-црните“ во шеснаестинафиналето ќе биде Јуро Унирек од Холандија. Девојките од Унирек во минатата рунда исто така имаа косовски ривал, елиминирајќи го тимот на Феризај со две убедливи победи.
- Сите двојки за втората рунда на Европскиот куп:
Ждрепката посака вардарки да го играат првиот натпревар на домашен паркет, на 13 ноември од 17:00 часот. Реваншот во Холандија пак е закажан за седум дена подоцна. Вардар се надева дека ќе успее да го добие квалитетниот ривал и да го продолжи патот во ова натпреварување, во сезоната на кам-бек во европските купови.