• Горан Упале

Ракометарките на ЖРК Вардар доживеаја уште еден пораз од Бриксен, овојпат со 25-36, па италијанскиот тим обезбеди пласман во следната рунда на ЕХФ Европскиот Куп.
Бриксен го диктираше темпото уште во првото полувреме и на одмор замина со пет гола предност (19-14). Во продолжението Вардар не успеа да фати ритам, па гостинките ја зголемија разликата и без поголеми проблеми стигнаа до убедлив триумф од 36-25.
Во составот на Вардар најефикасни беа Дона Тодоровска и Ивана Трифуноска со по шест гола, додека кај Бриксен блескаше Џована Лучарини, која натпреварот го заврши со 12 погодоци.
Со вториот пораз од италијанскиот состав, Вардар ја заврши европската сезона во ЕХФ Европскиот Куп.

