ЖРК Вардар по три години се враќа на европската ракометна мапа

Стартот на новата сезона од женскиот ЕХФ Европски Куп ќе донесе и враќање на еден поранешен гигант, со редовни учества на финалните турнири – ЖРК Вардар.

Поранешниот македонски шампион беше пет последователни сезони беше учесник на ЕХФ фајнал-форот во Лигата на шампионите (2014-18) и двапати стигна до финалето, во 2017 и 2018 година, губејќи од Ѓер и тоа двата пати во продолжението.

Откако тогашниот сопственик Сергеј Самсоненко престана да го финансира клубот, ЖРК Вардар од 2018 година го промени својот систем, ставајќи акцент на млади ракометарки и се откажа од учествата под покровителство на ЕХФ. 

Сепак, по три години пауза, вардарки се враќаат на континенталната сцена и в сабота ќе се соочи со екипата на Приштина, во рамки од второто квалификациско коло на Европскиот Куп.

Минатата сезона Вардар бележеше одлични резултати и заврши на втората позиција, веднаш зад шампионот Куманово.