• Горан Упале

По пауза од половина деценија, ракометарките на ЖРК Вардар се вратија на меѓународната ракометна сцена и оставија одличен впечаток, но на крајот загубија од италијански Бриксен со 32-29, во ЕХФ Купот.
„Црвено-црните“ одиграа одлично прво полувреме и на паузата имаа предност од 16-15. По почетното водство на Бриксен, избраничките на Даниела Новеска влегоа во ритам и со серија од 4-0 поведоа со 11-8. Сепак, до крајот на полувремето домашниот тим успеа да возврати и да ја намали негативата на само еден гол.
Бриксен фуриозно го отвори второто полувреме и веднаш ја врати предноста на своја страна. Вардарки имаа уште еден блесок, но потоа италијанскиот тим презеде се во свои раце и на крај заслужено славеше со три гола разлика (32-29).
Кај ЖРК Вардар најефикасна беше Леона Миленкоска со десет гола, додека по четири постигнаа Ања Лашкоска, Анастасија Тодоровска и Ивана Трифуноска. Реваншот се игра в сабота од 18:00 часот, повторно во Бриксен.

