• Иван Димовски
Женскиот ракометен клуб Вардар ќе настапи во второто коло на Европскиот куп на ЕХФ.
Во просториите на Европската ракометна федерација во Виена беа извлечени паровите за оваа рунда од натпреварувањето. Среќата посака македонскиот тим да налета на италијански противник, а тоа ќе биде Бриксен Судтирол.
- Целосната ждрепка за второто коло на ЕХФ Купот:
Бидејќи Вардар беше носител во ждрепката ќе ја има предноста на домашниот терен. Првиот натпревар скопскиот тим го игра на гости во Италија на 3 или 4 октомври, додека реваншот во Скопје ќе се одигра на 10 или 11 октомври.
Во ова натпреварување ќе настапи и ЖРК Чаир кој според коефициентот ја скока оваа рунда и оди директно во третата.
