ЖРК Вардар испука нова „50-ка“ во седмата радост во Суперлигата

ЖРК Вардар продолжи со високите победи и во доминантен дуел славеше над РК Кузман - Вардар (52-12) во рамки на женската ракометна Суперлига.

Вардарки примија само пет гола во првото полувреме (25-5) и доминацијата на теренот беше очекувана. Во мечевите во Суперлигата често нема конкуренција, па така беше и на оваа средба каде гостинот беше во подредена улога.

Најдобри кај победникот беа Џатевска и Миновска со по шест постигнати гола, а Дамјановска, Диневска, Трпевска и Лазаровска имаа по пет постигнати погодока. Кај Кузман - Вардар, Сандра Јовевска реализира пет пати.

За ЖРК Вардар ова беше седма победа на седмиот меч во Суперлигата.