ЖРК Вардар и ЖРК Пелистер немилосрдно „газат“ во женската Суперлига

Фаворитите ЖРК Вардар и ЖРК Пелистер очекувано редат победи во шампионатот на Македонија во женски ракомет. Двете екипи се издвоија на врвот по пет кола и единствениот пораз го имаат во меѓусебниот дуел (победа на ЖРК Вардар во Битола).

  • Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Вардар и ЖРК Скопје: 

Претпладнево, вардарки го совладаа Скопје со 34-22 (14-11) во заостанатиот натпревар од петтото коло. Сара Стефановска и Ивона Трпевска се истакнаа со по шест гола, а Нина Попова и Бојана Диневска запишаа по пет погодоци. Во поразениот тим на Валентина Радуловиќ се истакна Нина Неделковска со пет гола.

Синоќа во Скопје, ЖРК Пелистер убедливо го совлада Спартак со 17-32. Избраничките на Адријано Котевски не се ни испотија за триумф против еден од најмладите суперлигаши. Најефикасни кај битолчанки беа Моника Босилковска со дванаесет и Кристина Наумовска со девет гола. Антонија Радевска, Елена Крстевска и Јана Ѓошевска постигнаа по четири гола за поразениот тим на Спартак.

  • Комплетниот натпревар меѓу Спартак и ЖРК Пелистер: 

ЖРК Вардар е лидер со максимални дванаесет вода од четири натпревари, а пелистерки се второпласирани со десет бода и натпревар повеќе.

Ѓорче Петров и ЖРК Металург викендов не ги играат своите редовни натпревари од домашниот шампионат, заради европските обврски во Исланд и Грција.