ЖРК Вардар ги претстави новите ракометарки во тимот

Македонскиот ракометен тим ЖРК Вардар ги промовира новите засилувања и објави дека потпиша договор со пет ракометарки.

Прво ново име е Симона Василева која пристигна од екипата на Ѓорче Петров, а може да игра на сите бековски позиции. Во својата кариера има настапувано и за екипите на Металург, Цемс и Спартак.

Потоа, „црвено-црните“ потпишаа со Тамара Ивановска која ја засили десната бековска позиција од екипата на Куманово, исто така може да одговори и на позицијата десно крило, како и Нина Милевска која минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци во Суперлигата, а пристигна од екипата на Кузман Вардар. Милевска игра на позицијата лев бек.

Нови играчи на вардарки за новата сезона се и младите Драгана Стојчевска и Сара Симоновска кои доаѓаат од Кузман Вардар и играат на позиција лево крило.