• Иван Димовски

Ракометарките на Вардар со убедлива победа славеа на гостувањето кај Спартак (20-51).
„Црвено-црните“ девојки на гостувањето во Кисела Вода му дозволија на домаќинот да даде само по десет гола во двете полувремиња, а спротивно на тоа, тие беа расположени и го наполнија голот на Спартак.
Иако домаќинките тргнаа добро, се држеа во воведните минути и не изгледаше дека ќе доживеат дебакл, работите бргу се променија. Вардарки со добри серии убедливо поведоа, па на пауза заминаа со двоцифрена предност од 13 гола. Во продолжението, водството продолжи да расте, па дојде и до највисоките +33. На крајот, Спартак загуби со убедлива негатива од фаворитот.
- Комплетниот натпревар меѓу Спартак и ЖРК Вардар:
До победата Вардар го предводеа Бојана Коцева која даде девет гола, додека осум постигна Сара Миновска, а по шест Дамјановска и Диневска. Во таборот на Спартак со по пет реализации беа Христина Петковска и Ангела Гроздановска.