ЖРК Вардар без Лакрабер против Лајпциг

Француската ракометарка која ги брани боите на ЖРК Вардар, Александра Лакрабер нема да биде дел од вечерашниот натпревар против Лајпциг во ракометната Лига на шампиони.

Искусната 29-годишна вардарка не се најде на списокот на пријавени ракометарки за дуелот со германскиот тим, а повратник во составот на актуелниот првак на Македонија е Андреа Кликовац. Лакрабер беше одлична во дуелот против ФТЦ во минатото коло, а еден од нејзините погодоци се најде меѓу најдобрите голови на колото во ЛШ.

Дел од натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат Лејно, Песоа, Суслина, Алтхаус, Човиќ, Дамњановиќ, Херем, Илина, Хмирова, Кликовац, Лазовиќ, Мавсар, Пенезиќ, Радичевиќ и Ристовска. Мечот меѓу Вардар и Лајпциг се игра од 20.30 часот.