ЖРК Стружанка го изненади Вардар, моќна партија на ѓорчепетровки

На терените во Македонија денес се играа натпревари од последното есенско коло во женската Суперлига. 

Изненадување приреди екипата на ЖРК Стружанка победувајќи го ЖРК Вардар со 25-24 (10-12). Во крајно изедначен дуел со многу промени во водството, домаќинот во „Нико Нестор“ во Струга дојде до победата на крајот. До неа екипата ја предводеше Магдалена Делиоска со девет реализации, пред Затуроска со седум. Кај вардарки најдобра беше Сара Миновска со пет погодоци. 

  • Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Стружанка и ЖРК Вардар:

Екипата на ЖРК Скопје Ѓорче Петров дојде до убедливо славје во пресметката против ЖРК Спартак од 41-26 (21-9). Избраничките на Симе Симовски демонстрираа сила и буквално ги прегазија ривалките. Иако Спартак ја имаше најпрецизната Ангела Гроздановска која даде 12 гола, ѓорчепетровки ги предводеше Ана Марија Коларовска која се истакна со 11 погодоци. 

  • Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Спартак:

Домашен пораз во салата „Автокоманда“ запишаа ракометарките на Шампион од ЖРК Гевгелија (25-26). Овој пораз на скопјанки значи дека без разлика на исходот на утрешниот натпревар меѓу ЖРК Пелистер и Деспина, битолчанки ќе играат во плеј-офот. Таму ќе има место уште за ЖРК Куманово, ЖРК Чаир, Деспина, ЖРК Вардар, ЖРК Металург, ЖРК Ѓорче Петров и Стружанка.