• Мартин Танасковски
Екипата на ЖРК Пелистер може да се прогласи веќе за елиминирана од Челинџ Купот затоа што во првиот натпревар со Зајечар загуби со убедливи 50-20 (26-7).
Македонскиот претставник ниту еднаш не беше конкурентен со српскиот тим, а за тоа говори фактот дека примаше гол скоро на секоја минута. Разликата се градеше кога од 9-4, домаќинот замина на 17-4, а потоа, доброто отворање на вториот дел и петте гола во низа за 30-7 ја решија секоја дилема кој ќе оди во наредната фаза.
Најдобри стрелци кај Зајечар беа Јана Милошевиќ со дванаесет и Јована Богојевиќ со девет гола, додека кај „зелените“, Талевска го заврши мечот со шест гола, Милосављевиќ даде четири, а Анчева и Белевска имаа по три гола.
Реваншот од 1/16-финалето во Челинџ купот на програмата е во текот на утрешниот ден и истиот ќе се игра повторно во Зајечар.