ЖРК Пелистер носител во ждрепката за третата рунда на Челинџ Купот 

Македонскиот прволигаш ЖРК Пелистер, новата европска сезона во Челинџ Купот на ЕХФ ќе ја започне од самиот почеток.

Денес, ЕХФ го објави костурот на ова натпреварување, а пелистерки заедно со уште 21 екипа ќе стартуваат од првиот филтер, односно само пет екипи се привилегирани и ќе започнат од четвртата рунда. 

Македонскиот тим кој лани успеа да ја мине првата пречка од ова натпреварување, повторно од третата рунда ќе го започне Челинџ Купот и повторно ќе биде носител на ждрепката, затоа што е сместен во горниот дел од рангирањето. 

Можни противници на ЖРК Пелистер во третата рунда се следните екипи: Рудар, Гуардес, Бјеловар, Анкара, Желецар, Маио, Криваја, Верија, Ариосто, Грањољерс и Мадеира.