ЖРК Пелистер двапати ќе гостува против Зајечар во Челинџ Купот

Втора година по ред екипата на ЖРК Пелистер ќе ја претставува Македонија во Челинџ Купот. Ако минатата сезона презими и обезбеди осминафинале, годинава тоа ќе биде многу тешко да се оствари. Имено, клубот од Битола донесе одлука двата натпревари од третото коло на Челинџ Купот против српскиот Зајечар да се играат на гостински терен.

Од егзистенционални причини, битолчани се одлучија в сабота и в недела во Зајечар да играат двапати во два дена, па шансите на избраничките на Томче Петрески се сведени на теорија.

Минатата сезона, пелистерки го минаа Ле Сал од Малта, но беа елиминирани од Наиса Ниш од Србија

Во Женската лига, ЖРК Пелистер по седум одиграно кола има две победи, еден нерешен резултат и четири порази.