ЖРК Металург замина во двонеделен карантин заради ковид-позитивни случаи

Последните тестирања потврдија присуство на коронавирус кај две ракометарки и кај двајца од стручниот штаб на ЖРК Металург. За жал, тоа веројатно не е и последната бројка на заболени, бидејќи тестирања се прават и деновиве.

„Како општествено одговорен субјект ја информираме јавноста за новонастанатата состојба и објавуваме дека комплетниот тим и стручниот штаб се повлекуваат во двонеделен карантин“, се вели во соопштението на клубот од Автокоманда.

Денес, Ракометната федерација на Македонија одлучи да ги стави во мирување сите натпревари од професионалните категории и во машки и во женски ракомет.