ЖРК Металург замина на еднонеделни подготовки во Маврово

По двенеделни тренинзи во Скопје, екипата на ЖРК Металург од денес влегува во втората фаза од подготовките за новата сезона. Во следните седум дена скопскиот тим ќе тренира во Маврово, каде ќе се работи на физичката и на техничко-тактичката подготовка на екипата.

Во рамките на подготовките, ЖРК Металург во Маврово ќе одигра и најмалку една пријателска средба.

По враќањето од Маврово, ЖРК Металург ќе влезе во последната фаза од подготовките во која девојките ќе ја билдаат својата форма и ќе одиграат низа пријателски натпревари со македонски, но и со странски екипи.

Во новата сезона ЖРК Металург ќе се бори на неколку фронта, во домашното првенство и националниот Куп, но и во Европскиот Куп, каде веќе го знае и својот прв противник – екипата на Дуделанж од Луксембург.